Aрсовска за обвинувањата за нетранспарентност: Никој не сака да ми биде портпарол

Град Скопје речиси една година откако на градоначалничката функција е Данела Арсовска нема портпарол, а таа пак никогаш не одговора на телефонски повици на новинарите.По вчерашната прес-конференција на разрешениот директор на „Водовод“ Златко Перински на која Арсовска упадна и се караше, редакцијата на СДК ја праша зошто е нетранспарентна со јавноста и новинарите, а самата таа го обвини Перински баш затоа што бил нетранспарентен и го разреши.

„Па еве ме денеска се појавив, имаме и други прес-конференции и утре ќе имаме, можете се` да ме прашате“, рече Арсовска.

На овој нејзин одговор новинарите и реплицираа дека тие прес-конференции се многу ретки и дека нема континуитет во следење на работата на Градот.

Повеќе

Back to top button
Close