Арсовски: ВМРО-ДПМНЕ ги организира секојдневните блокади во име на граѓаните, СДСМ нема да ги заплаши граѓаните кои протестираат преку МВР и нивните притисоци

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски линковски во вестите на ТВ Алфа зборуваше за блокадите кои ВМРО-ДПМНЕ ги организира веќе втор ден, како и за барањата на граѓаните кои ВМРО-ДПМНЕ ги застапува и поддржува.

Арсовски потенцираше дека СДСМ на нетранспарентен начин преговара во име на граѓаните, а тоа значи дека нешто се подготвува, односно најверојатно Зоран Заев и Владо Бучковски подготвуваат ново предавство. ВМРО-ДПМНЕ нема да го дозволи тоа и токму преку ваквите блокади и протести ќе го искажува револтот и ќе се спротивставува на црните сценарија кои СДСМ на чело со Зоран Заев ги планира во наредниот период.

Притисоците од страна на СДСМ секој ден се се поголеми и пожестоки, а показател за тоа се вчерашните случувања кои што се случија пред ТЦ Мавровка кога млад активист на ВМРО-ДПМНЕ беше физички нападнат и вербално навредуван од страна на полициски службеник, кој без никаква причина го приведе младиот Стефан кој сведочеше за нападите од страна на униформираните лица, додава Арсовски.

Доколку ваквите блокади не вродат со плод и власта да има слух за барањата на граѓаните, тогаш ВМРО-ДПМНЕ ќе иницира институционални блокади, се со цел власта да биде разумна и да ги слуша барањата на граѓаните, а не да владее самоволието кое што е се повеќе видливо, истакна Арсовски.

ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да биде во служба на граѓаните и нема да дозволи да бидат изманипулирани и извисени од Зоран Заев и неговите соработници, токму затоа остануваме на улица се додека власта не откаже од намерата за ново предавство, завршува Арсовски.

Back to top button
Close