Јавноста се простува и изразува длабока почит и благодарност за херојството на Илчо Гоцевски – еве што раскажа неговата сопруга

Јавноста се простува и изразува длабока почит и благодарност за херојството на Илчо Гоцевски, возач на брза помош, кој што цела ноќ по трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, неуморно превезувал повредени и загинати лица. По 40 часа напорна и длабоко трауматична работа се вратил дома да се одмори, но срцето не го издржало огромниот товар и Гоцевски почина.

– Многу ми е тешко. Работеше 40 часа. Дојде и рече дека е уморен. Побара од колега да му даде инфузија за да му помогне да се опорави малку бидејќи мора да се врати во болница за да помогне. Ми рече дека е уморен и отиде да спие. Бев изненадена што не се разбуди четири-пет часа. Нешто само ме прободе и извикав: „Иле, Иле“. Не одговараше – раскажала за српски Телеграф, Анета, сопругата на Илче Гоцевски.

Back to top button
Close