Бајден на средбата со Зеленски му вети нов пакет помош

По средбата во Белата куќа со украинскиот претседател володомир Зеленски американскиот претседател Џо Бајден изјави дека првите американски тенкови Абрамс ќе и бидат доставени на Украина следната недела, пренесува Хина.

Тој рече дека Вашингтон наскоро ќе испрати втора батерија за противвоздушна одбрана Хоук од Рејтеон и поврзаната опрема во Украина.

Зеленски му се заблагодари на Бајден за новиот пакет воена помош од 325 милиони долари во оружје и противвоздушна одбрана, велејќи дека токму тоа сега им треба на украинските војници.

Тој изјави дека тој и Бајден се договориле за конкретни чекори за проширување на извозот на жито од Украина наспроти руската блокада и тензиите со соседна Полска.

Барањето на Бајден за дополнителни средства од 24 милиони долари за Украина за да помогне во плаќањето на украинската одбранбена и хуманитарна помош до крајот на годината е закочена во буџетската битка со републиканците во Претставничкиот дом.

Бајден рече дека единствениот начин е да добие одобрение од американскиот Конгрес

Back to top button
Close