Бајден превентивно ги помилува и неговите двајца браќа и сестра му со семејствата
Претседателот Џо Бајден денеска издаде превентивно помилување за неговите браќа Џејмс и Френк, заедно со неговата сестра Валери, и нивните сопружници.
„Моето семејство беше подложено на немилосрдни напади и закани, мотивирани исклучиво од желбата да ме повредат – најлошиот вид на партиска политика. За жал, немам причина да верувам дека овие напади ќе завршат“, рече Бајден во изјавата.
Тој додаде дека верува „во владеење на правото“ и е „оптимист дека силата на нашите правни институции на крајот ќе надвладее над политиката“.
Меѓутоа, додаде тој, „неоснованите и политички мотивирани истраги предизвикуваат хаос по животите, безбедноста и финансиската сигурност на напаѓаните поединци и нивните семејства. Дури и кога поединци не направиле ништо погрешно и на крајот ќе бидат ослободени од обвинението, самиот факт дека се под истрага или кривично гонети може непоправливо да им наштети на нивниот углед и финансии“.
Оваа објава дојде во последен момент откако минатиот месец претседателот го помилува својот син Хантер Бајден, кој се соочи со казна за неплаќање федерални даноци и пресуда за поседување илегално оружје.