Бајден: Трамп се откажа од оваа земја

– Веројатниот кандидат на Демократската партија за претседател на САД, Џо Бајден, им порача на Американците дека претседателот Доналд Трамп кренал раце од нив и оти кренал раце од земјата.

Во обраќање кое е емитувано во живо на Интернет, Бајден го обвини Трамп дека не успеал да ја води земјата за време на пандемијата на коронавирусот, додавајќи дека заразата се шири секој ден и оти премногу Американци сè уште се без работа и губат надеж.

Поранешниот потпретседател рече дека личниот персонал на Трамп признал дека тој паднал на најважниот можен тест како американски претседател, пренесува „Гласот на Америка“.

За време на вчерашниот дневен брифинг за коронавирусот Трамп се обиде да ја претстави својата администрација како ефикасна во одговорот на пандемијата, велејќи дека потенцијалните вакцини ќе пристигнат многу порано отколку што се мислеше. Белата куќа повторно почна да одржува дневни брифинзи за Ковид-19 откако ги прекина во април.

Забелешките на Бајден доаѓаат по последниот дел од кампањата кој го одржа во неговата матична држава Делавер. Тој најновите поради ги пренесе на собирот што се одржа во основно училиште во Њу Касл, во присуство на помалку од 30 лица.

Back to top button
Close