Бајден за дебатата: Не го слушав мојот тим, за малку ќе заспиев…

Американскиот претседател Џо Бајден рече дека причината за неговите лоши перформанси во минатонеделната дебата на Си-Ен-Ен е тоа што многу патувал по светот.

„Тоа не е изговор, тоа е објаснување“, рече Бајден за време на вчерашната посета на Вирџинија, осврнувајќи се на неговите патувања. Тој се извини за својот настап и истакна колку е важно да се победи на изборите. Бајден во јуни оствари две патувања во Европа во текот на две недели.

За време на дебатата, тој даде низа некохерентни и збунувачки одговори на прашања. Застануваше и не ги доврши речениците. „Не го слушав мојот тим… а потоа за малку ќе заспиев на говорницата“, призна тој.

81-годишниот Бајден последен пат се врати од своето патување на 15 јуни, што е речиси две недели пред дебатата на 27 јуни, пишува Би-Би-Си. Изјавите на Бајден доаѓаат откако во Демократската партија се појави загриженост за неговите ментални способности.

Тексаскиот конгресмен Лојд Догет стана првиот актуелен демократ кој го повика Бајден да се повлече од трката за втор претседателски мандат. „Се надевам дека ќе ја донесе болната и тешка одлука да се пензионира“, изјави вчера Догет.

Back to top button
Close