Багеи: Блокадата на иранските пристаништа од страна на САД е нелегална и криминална

Американската блокада на иранските пристаништа е „нелегална и криминална“ и претставува кршење на договорот за прекин на огнот, изјави денеска портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багеи.

„Таканаречената блокада на иранските пристаништа или брегот од страна на САД не е само кршење на прекинот на огнот постигнат со посредство на Пакистан, туку е и нелегална и криминална“, рече Багеи во објава на платформата Икс.

Според него, блокадата е кршење на Повелбата на Обединетите нации, како и чин на агресија.

„Со намерно наметнување колективна казна врз иранското население, тоа претставува воено злосторство и злосторство против човештвото“, рече Багеи.

Минатата недела, САД воведоа блокада на Ормуската Теснина за бродови што доаѓаат од или одат кон иранските пристаништа, како одговор на блокирањето на мореузот од страна на Иран за бродови што доаѓаат од земји што ги смета за непријателски

Back to top button
Close