Беким Сали: Таравари ни призна дека комуницира со Ахмети, му ја затворивме вратата
Директно го прашавме господинот Таравари дали има комуникација со господинот Ахмети, на што тој потврдно ни одговори“, рече Беким Сали од „ВРЕДИ“ во гостување на тв Телма.
„Јавноста беше шокирана од канали на комуникација кои што постоеле меѓу Таравари и Ахмети, а сето тоа било скришум, односно на перфиден начин изведено, за другите коалициони партнери од „ВРЕДИ“ да не знаат од оригиналниот извор, од господинот Таравари, туку да дознаат преку други извори на информации. И тука почнаа превирањата – дали треба да се продолжи соработката со Алијанса на Албанците, односно со господинот Таравари или не. Дојдовме до заклучок дека господинот Таравари не може да се врати. Неговото инсистирање беше да оди со одвоени листи за советници, меѓутоа со кандидати за кои би можеле да се договориме и со „ВРЕДИ“ и со ДУИ. Тој принцип го оддалечи Таравари од „ВРЕДИ“. Не се партиите, не се лидерите коишто му кажаа дека има затворена врата во „ВРЕДИ“, туку тој сам се самоопредели да биде дел од една кауза која не е мисија на „ВРЕДИ“ – рече Сали.