Белорусија: Лукашенко ја распушти Владата

– Белорускиот претседател Александар Лукашенко денеска ја распушти Владата, откако претходно најави дека нема да има радикални кадровски промени во извршната власт.

– Остар рез, замена на сите членови на Владата би била погрешна во овој момент, рече Лукашенко на состанокот со членовите на неговиот кабинет.

– Израсна нова генерација на лидери кои се покажаа добро и добро соработуваа во владата. Зошто да ги менуваме? Тие можат да работат, додаде тој.

Новиот состав влада сè уште не е објавен, а сега поранешниот премиер Сергеј Румас беше назначен на таа функција во 2018 година.

Претседателските избори се закажани за 9 август, а Лукашенко, кој е на власт од 1994 година, се очекува да освои шести мандат.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close