Бериша: Самитот во Охрид е опасен за мирот и стабилноста на балканот  

Албанската опозиција оценува дека Охридскиот самит е под руско влијание и преставува опасност за  Балканот.

Екс претседателот и екс премиер на Албанија кој е и лидер на поголемиот дел на опозицијата во Албанија Сали Бериша денеска упати остри критики за одржувањето на Самитот во Охрид.

-Самитот преставува опасна алијанса за мирот и стабилноста на Балканот и има за цел создавање на српска хегемонија и руско влијание  во регионот – изјави Бериша коментирајки го одржувањето на Самитот во Охрид. Тој додаде дека „Отворени Балкан“ има за цел да создаде одредено единство за да  се спротивстави на патот на земјите од регионот во ЕУ. Тој нагласи дека самитот е штетен и е самит кој произведува влијанија на Србија и Русија  и ниту едно добро за албанците.

Бериша ги поздрави владите од регионот кои  не се согласија да бидат членови на како што рече овоју Белградски клуб.

Бериша во име на опозицијата побара во Албанија да се собори владата на Еди Рама со големи протести .

Back to top button
Close