Берлинале 2025: „Соништа“ на Даг Јохан Хаугеруд добитник на Златната мечка
Филмот Соништа (Dreams) на норвешкиот режисер Даг Јохан Хаугеруд ја освои главната награда „Златна мечка“ на 75. Меѓународен филмски фестивал во Берлин (Берлинале).
Претседателот на жирито, американскиот режисер Тод Хејнс, го опиша победничкиот филм како „медитација за љубовта“, оценувајќи дека е „уникатен, ироничен и со универзално влијание“.
Во конкуренција за престижната награда годинава беа 19 филмски остварувања.