Бесплатни стоматолошки прегледи за студентите на УКИМ

Стоматолошкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје, во соработка со Факултетското студентско собрание на Стоматолошки факултет и Универзитетското студентско собрание на УКИМ, за првпат организира иницијатива со која на сите студенти на УКИМ им се нуди можност за бесплатни стоматолошки прегледи и интервенции.

„Оваа иницијатива има за цел да го унапреди студентското здравје и да им обезбеди пристап до квалитетна стоматолошка нега, под надзор на врвни професионалци“, велат од УСС.
Студентите ќе можат да добијат бесплатен стоматолошки преглед и соодветни третмани, вклучувајќи санација на кариес, чистење на забен камен и други интервенции. Пријавувањето се врши преку следниот линк: https://forms.gle/hhyqZr6hJQVKY3Hm9.
За дополнителни информации, можете да контактирате преку официјалните комуникациски канали на Стоматолошкиот факултет, Факултетското студентско собрание или Универзитетското студентско собрание на УКИМ.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close