Без струја повеќе улици во Скопје

ЕВН Македонија АД известува дека денеска без електрична енергија ќе останат корисници од повеќе населби.

Во периодот од 08:30 до 11:30 часот, дел од корисниците од улиците Лазар Поп Трајков и 16 – та Македонска Бригада. Од 08.55 до 12.55 часот, дел од корисниците од ул. Мршевци во село Мршевци во Илинден, од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од ул. Христо Татарчев – крак 24 во Кисела Вода, а од 09.15 до 13.15 часот, корисниците од село Брњарци, како и објектите на ЗИК Краварство, Давос, АРС Комерц и Еуролес во општина Гази Баба.

 

Од 12.00 до 15.00 часот, без струја ќе бидат дел од корисниците од улиците Габреш, Лазар Поп Трајков и Ташко Караџа исто така во Гази Баба.

Утрово без струја во периодот од 4.30 до 05.30 часот беа корисниците од населбите Маџари, Синѓелиќ, Трубарево, Јурумлери, Арачиново, Стајковци, Камник, Хиподром и објектите во индустриската зона Маџари

Back to top button
Close