Без вода дел од „16-та Македонска Бригада“, „Трифун Хаџијанев“ и „Козле“

Поради дефект на вентил во шахта Ф-2цола на ул.Трифун Хаџијанев 3 во населба Автокоманда, прекинато водоснабдување денеска ќе имаат корисниците на дел од 16-та Македонска Бригада и Трифун Хаџијанев.

Како што информира ЈП Водовод и канализација, водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:15 часот до санирање на дефектот.

Поради изведување на водоводен приклучок од Ф-80 на ул.Козле 17 во населба Козле, прекинато водоснабдување ќе имаат и корисниците од бр.1 до бр.55, во периодот од 09:30 часот до изведување на приклучокот.

Back to top button
Close