ЛДП: Со пари на народот го направија Скопскиот аеродром единствен негативен преседан во целиот регион

Владата на ВМРО-ДПМНЕ излажа дека ќе се бори против монополите и дека ќе се залага за пазарна диверзификација, а го направи токму спротивното. Со пари извадени директно од џебот на даночните обврзници, наместо да градат отворен пазар со долгорочни пониски цени на авиобилетите, тие финансираат тотален монопол во кој една унгарска приватна нискобуџетна компанија контролира над 60 проценти од пазарот, велат од ЛДП.

Од партијата со став „Додека сведочиме за вистински егзодус на реномираните европски и традиционални превозници од Скопскиот аеродром, државните средства се користат за одржување на состојба во која граѓаните остануваат без вистински избор. Ниту еден друг главен град или аеродром во регионот не би си дозволил да се доведе во ваква монополска опасност. Ниту Тирана, ниту Приштина, ниту Софија, Сараево, Подгорица, Љубљана или Сплит, а уште помалку развиените центри како Белград, Загреб, Солун, Атина или Букурешт го немаат препуштено својот авиосообраќај на еден странски нискобуџетски превозник“.

„Регионалните соодноси јасно ја покажуваат погубноста на оваа домашна политика: Приштина има и повеќе патници од Скопје и вистинска диверзификација каде што со паметни такси се привлечени над десет компании и ниту еден превозник нема повеќе од 28 проценти пазарен удел; Софија и Тирана преку силна конкуренција меѓу Визер (Wizz Air) и Рајанер (Ryanair) обезбедија реална ценовна војна и пад на цените на картите; додека Белград, Загреб, Атина, Солун, Букурешт и Љубљана го заштитија својот пазарен плурализам со комбинација од национални, мрежни и повеќе нискобуџетни авиокомпании. Македонија е претворена во осамен остров и единствен негативен пример во соседството каде државата финансира пропаднат сообраќаен модел. Оваа пракса парите на граѓаните да завршуваат кај еден повластен монопол и тоа во Унгарија е исклучително опасна и мора веднаш да се спречи. Секој монопол е штетен. Време е конечно да ја прекинеме оваа опасна игра на Владата задскриена за манипулативни ПР-соопштенија и преку итна и вистинска диверзификација да обезбедиме реална пазарна конкуренција, пониски цени и квалитет во авионскиот превоз во Македонија“ велат од ЛДП.

Back to top button
Close