БГНЕС: Околу 15.000 Македонци со помош од Бугарија вратени за време на пандемијата

 

Бугарија помогнала на преку 15.000 Македонци, кои останаа „заглавени“ во странство, да се вратат дома во време на пандемијата на Ковид-19. Меѓу нив и ќерка на актуелен министер во македонската Влада, блиски роднини на опозициски пратеници и познати личности од јавниот живот, јави бугарската агенција БГНЕС, повикувајќи се на дипломат кој инсистирал на анонимност.

Агенцијата притоа ја потенцира и улогата на бугарската дипломатија која се ставила на располагање 24/7 за потребите на соседите. Точната бројка на трансферирани македонски државјани преку аеродромот во Софија до 5 јуни била 15.237 и во деновите до денешниот е зголемена за околу 1.000 со оглед на посоченото дека меѓу 250 и 300 лица дневно се враќаат во државава.

„Илјадници Македонци останаа „заробени“ во странство на 14 март кога се „затвори“ светот. Ги имаше насекаде, во Европа, во Северна Америка, во Азија, на Блискиот исток. Беа затекнати на гранични премини, на аеродроми, на железнички станици. Благодарение на нашите дипломатски мисии, до 15 април, успеавме да вратиме 7.523 наши државјани преку аеродромот во Софија. Се случуваше и во непристојно време, во 4 часот наутро, да повикуваме бугарски конзули, меѓутоа моравме да однесеме стотици граѓани до границите“, објави БГНЕС изјава на, како што наведе, вработена во македонското МНР.

 

 

Back to top button
Close