Би-Би-Си: Пекинг јасно покажува дека нема да отстапи пред најновите трговски притисоци од Трамп
Пекинг јасно покажува дека нема да отстапи пред најновите трговски притисоци од американскиот претседател Доналд Трамп, пишува Би-Би-Си во својата анализа.
Кинеското Министерство за трговија соопшти дека секој нов бран на американски царини ќе предизвика дополнителни кинески контрамерки насочени кон американските стоки. Во писмена изјава тие ја обвинија администрацијата на Трамп за „уцена“, предупредувајќи: „Ако САД опстојат на овој пат, Кина ќе се бори до крај“.
Би-Би-Си истакнува дека Кина реагирала особено остро на тврдењето на Трамп дека неговите царини се „реципрочни“, нарекувајќи ги „неосновани“ и „типично еднострано насилно однесување“.
Во анализата се проценува дека е тешко да се поверува дека Трамп навистина очекувал Кина да ги повлече минатонеделните контрамерки само затоа што најавил нови. „Покрај губењето на образот, не е за очекување кинеската влада, која сега отворено го нарекува американскиот претседател насилник, да попушти пред таква личност“, се наведува во анализата.
Според Би-Би-Си, Пекинг може да смета на поширока политичка поддршка од меѓународната заедница, но и на нови трговски можности надвор од САД, кои барем делумно би ги надоместиле загубите на американскиот пазар, „со неговиот цврст став кон трговскиот хаос што го поттикна Вашингтон“.
Но, аналитичарите предупредуваат дека ова не е поволен момент за трговска војна. Кинеската економија е под притисок, со слаба домашна потрошувачка, долготрајна криза во секторот на недвижности и висока невработеност кај младите.
Сега Кина се соочува со дополнителен ризик: можен колапс на трговијата со втората по големина економија во светот.
Како што пишува Би-Би-Си, Комунистичката партија и покрај се решила да испрати самоуверена порака до граѓаните. Во уводникот на дневниот весник „Пиплс дејли“, официјалниот весник на партијата, се наведува: „Кина има храброст и самодоверба да се соочи со последиците… таа е целосно способна да одговори на овој предизвик