Бил внимателен и одговорен, го признал делото, се каел…– како Мијалков излезе од затвор седум месеци порано?

Затвореникот Сашо Мијалков бил внимателна и одговорна личност, се однесувал примерно и морално, имал коректен однос кон службените лица, ги извршувал работните обврски како возач на затворот, а процесот на ресоцијализација имал резултати, така што ги сменил своите ставови за причините за кривичното дело, го признавал и се каел.

Ова е дел од извештајот на поранешениот директор на отворениот затвор во Струга, Ваљон Ќура каде екс – директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање ја издржуваше единствената затворска казна за случајот „Империја“, пренесе Слободен печат.

Токму овој извештај полн со суперлативи за Мијалков, Апелациониот суд го зел предвид и на 14 мај 2024 година донел решение Мијалков да излезе од затвор за неколку дена, односно на 23 мај, наместо на 25 декември минатата година како што донел решение Кривичниот совет на Одделението за организиран криминал и корупција при Основен кривичен суд Скопје.

Повеќе

Back to top button
Close