БИРН: Јавното обвинителство го одби Груевски. „Траекторија“ не застарува

Никола Груевски загуби уште една правна битка во обидот да докаже дека му застарело делото во предметот „Траекторија“, пишува Бирн.

И покрај тоа што судијата Горан Бошевски, во 2019 донесе решение за запирање на постапката за Груевски, бидејќи му застарело делото, обвинителката Лиле Стефанова не застана овде.

Тоа решение на судијата, Стефанова го обжали на Апелација. Петмина апелациски судии, лани во февруари одлучија дека обвинителката е во право. Судот формално не можел да ја запре кривичната постапка за Груевски бидејќи веќе почнало судењето, туку требало за него да донесе пресуда.

Во решението на Апелација за овој формален пропуст пишува: „Судот нема законско овластување да донесе решение за запирање, и во ситуација кога јавниот обвинител останува на поднесеното обвинение, судот е должен по завршувањето на главната расправа со пресуда да се произнесе по предметното обвинение“.

Адвокатот на Груевски, Горан Каркиниски, лани во мај, до Јавното обвинителство доставил барање за заштита на законитоста, како вонреден правен лек, со кој побарал Јавното обвинителство да поднесе такво барање пред Врховниот суд.

Но, минатата недела, Јавното обвинителство го одбило таквото барање на адвокатот на Груевски.

Повеќе

Back to top button
Close