Битиќи: Дојдов во Собранието, но министерката повторно избегна дебата
Фатмир Битиќи обвини дека министерката за финансии повторно избегнала дебата за економската состојба во земјава и побара директно соочување околу економските политики.

„Денес дојдов во Собранието за конечно да се соочиме со министерката за финансии, но таа повторно избега од дебата за реалната економска состојба во државата“, напиша Битиќи.
Пратеникот од СДСМ порача дека се извинува што ја „вознемирува додека е на патување“, но оцени дека, како што наведува, кога состојбите во државата не се решени, не е време за трошење државни средства на патувања.
Тој нагласи дека граѓаните заслужуваат одговори и отчетност, а не избегнување на одговорност, додавајќи дека очекува министерката да присуствува на седницата за пратенички прашања во четврток.
„Очекувам да се појавите и аргументирано, без мешање ‘грашок, млеко и деца’, да ги соочиме фактите и вистината за економијата“, порача Битиќи.






