Бизнисменот Папранику повикан во полициска станица за бегството на Груби

Почесениот конзул на Косово во Македонија и познат бизнисмен, Арсим Папранику, во моментов се наоѓа во полициската станица Карпош, каде што бил повикан на информативен разговор.

Тој беше посочен како сопатник на поранешниот вицепремиер Артан Груби, во моментот кога ја напушти државата и замина за Косово, а пред спроведување на акцијата „Лотарија“.

Според првичните информации, бизнисменот го превезол Груби со неговото возило со дипломатски таблички.

На Груби, пак, вчера му беше одреден притвор, а веќе е распишана и меѓународна потерница

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close