Бочварски: Го пронајдовме изворот на загадување на реката Брегалница
Градоначалникот на Штип, Благој Бочварски на својот профил на „Фејсбук“ напиша дека е пронајден изворот на загадување на реката Брегалница, и дека веднаш била повикана полиција и крим полиција кои вршат испитување.
Реката Брегалница денеска побеле и се ширела неподнослива смрдеа, а надлежните веднаш излегле на терен и почнале со пронаоѓање на сторителот.
Калкулации не смее да има. Секој мора да сноси одговорност за своите постапки“, напиша Бочварски.