Бочварски – Милков: Железничкиот Коридор 8 е од суштинско значење за С Македонија и Бугарија

Изградбата на железничкиот Коридор 8 е од суштинско значење за С Македонија и Бугарија заради економско зајакнување на регионот, заклучиле на денешната билатерална средба министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски и министерот за надворешни работи на Бугарија, Николај Милков.

Развојот на инфраструктурата и регионалното поврзување, како што се наведува во соопштението за состанокот, биле во фокусот на средбата на двајцата министри.

На средбата било потенцирано дека Владите на двете земји че се заложат железничкиот Коридор 8 да добие уште поголемо меѓународно значење.

„Двајцата министри ја поздравија одлуката на Европската Комисија за вклучување на заедничкиот Коридор 8 во рамки на европскиот коридор за Западен Балкан-Медитеран“,

се наведува во соопштението.
На средбата било договорено да се интензивираат и активностите на работните групи од двете земји кои работат на усогласување на заедничките регионални инфраструктурани проекти, а станало збор и за отворање на граничниот премин Клепало.

„Средбата беше одлична можност да ги потврдивме ставовите и на двете земји дека сме подготвени да го завршиме Коридор 8. Ги отворивме прашањата и за другите регионални проекти во делот на патната инфраструктура и тоа е темата на која треба да разговараме во иднина и заеднички да работиме. Нашите заложби се видивли на терен, тоа го покажавме со градење на пругата кон Бугарија и инвестициите во модернизација на патиштата. Оваа држава има само еден пат, тоа е Европскиот и по тој пат мора да ја трасираме иднината на Република Северна Македонија”,истакна министерот Бочварски.
Шефот на бугарската дипломатија, Милков е во посета на земјава по повод одржувањето на бизнис-форумот меѓу двете земји „До една милијарда и понатаму“.

Тој заедно со својот македонски колега, министерот за надворешни работи, Бујар Османи во рамките на денешните активности во Скопје, беа во посета на Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ каде што положија цвеќе пред споменикот.
Претходно бугарскиот министер Милков рече дека согласно постигнатиот договор меѓу двете земји, заеднички ќе биде празнувана дејноста на свети Климент Охридски. Според Милков, заслугата за заедничкото чествување на свети Климент Охридски е на заедничката историска комисија.

Back to top button
Close