Боки: Како иден лидер на оваа држава, стојам во бело, како Тито

Зошто обвинителката Вилма Русковска денеска не е присутна во судницата, ги праша Бојан Јовановски новинарите пред да почне да ги изнесува завршните зборови и најави дека ќе бара да одржи прес конференција во затворот “Шутка”.

Тој почна со цитат од Достоевски, дека мислите кои не се осудуваме да си ги кажеме самите себе, рече дека ќе ги каже пред Судот и ќе ја отвори Пандорината кутија.

-Како иден лидер на оваа држава, бидејќи ова не е правен туку политички процес поради кој сум во притвор, завршните зборови ги давам без притисок и со чиста свест. Да беше комедиографот Бранислав Нушиќ жив ќе имаше материјал за нови дела, наместо “Госпоѓа министерка ќе ја напишеше Госпоѓа обвинителка”, наместо “Сомнително лице Сомнителен сведок” и место “Ожалостено семејство Ожалостена држава”, рече Боки.

Тој во насока во објаснување на самиот процес рече дека обвинителката не дала никаков доказ, а дека третиот обвинет, Кичеец вчера со својата паравојска се шета на слобода низ Скопје и седи со директори, а тој е 11 месеци во притвор.

повеќе

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close