Борел: Русија е виновна за недостигот на жито

Поради војната против Украина, Русија е директно одговорна за недостигот во меѓународната трговија со жито, изјави шефот за надворешна политика на Европската унија, Жозеп Борел, јавуваат агенциите.

„Сегашната руска блокада на украинските пристаништа го спречува извозот на тони житни култури, како пченка и пченица, кои во моментов се заглавени во Украина, еден од најголемите светски производители“, објави Борел на Твитер, според светските медиуми.

„Русија е директно одговорна за сите недостатоци во меѓународната трговија со жито и наместо да ја запре својата агресија, таа активно се обидува да ја префрли одговорноста на меѓународните санкции. Ова е дезинформација“, додаде Борел.

Посочува дека блокот ќе продолжи да се солидаризира со земјите во решавањето на последиците од војната.

„Рускиот претседател Владимир Путин треба да стави крај на војната против Украина. Територијалниот интегритет на Украина мора да се врати“ ,посочи Борел и додаде дека тоа е во интерес на целиот свет.

Според проценките на ОН, најмалку 4.183 цивили се убиени, а 5.014 се ранети во Украина од почетокот на војната со Русија, а се верува дека реалната бројка е многу поголема, пишуваат медиумите.

 

 

Back to top button
Close