Борисов: Албанија оди напред – го призна бугарското малцинство

Бугарски политичари ја коментираа одлуката на Европската Унија да го подели патот кон ЕУ за Албанија и Македонија.

Претседателот на пратеничката група наа БСП, Борислав Гуцанов, кој одлуката ја опиша како „фер и нормална реакција на Брисел“. Не можете да имате таков речник, таква омраза“, коментира Гуцанов за јазикот што го користат функционерите од Македонија, пренесува Њуз.бг

Бојко Борисов изјавил дека „тактиката на РСМ е да се обвинува Бугарија“.

Тој повторно укажа на Договорот за добрососедство склучен меѓу двете земји…Овој договор мора да се почитува, изјави тој.

За се’ што направивме во ЕПП, Европскиот совет, ЕК сме многу добро слушнати, рече Бојко Борисов.

Албанија оди напред, рече лидерот на ГЕРБ, истакнувајќи дека го признала бугарското малцинство.

Од „Има таков народ“ задоволни од одлуката за РСМ. Ова е најнормално, рече Тошко Јорданов. Најнормално е да останат надвор од ЕУ, рече тој и според него, бугарскиот југозападен сосед треба да ги почитува одредбите од Договорот за добрососедство.

Back to top button
Close