НАТО ќе организира голема вежба во Европа

НАТО и американската армија се обидуваат да ја подобрат својата соработка во Европа преку воена вежба од големи размери, која ќе опфати територијата од Северна Норвешка до Црното Море, изјави претставник на германската армија, цитиран од ДПА.

 

Околу 2.000 воени лица од редовите на членки на НАТО ќе учествуваат во годишната вежба Avenger Triad од 6 до 15 октомври, изјави генерал-мајор Бјорн Шулц од германските вооружени сили во седиштето на американската армија за Европа и Африка во Висбаден.

 

„Тријадата на Одмаздниците’26“ нема да биде конвенционална воена вежба, туку ќе биде во форма на симулации (обука за команда и контрола), вклучувајќи вештачка интелигенција, за да се тестира како западните вооружени сили можат побрзо и поефикасно да соработуваат преку националните граници во случај на напад.

 

Употребата на модерни технологии и управувањето со комуникацијата во реално време преку мобилни уреди треба да им обезбедат на војниците постојано ажурирана слика за бојното поле.

 

Мајорот Бен Шиф од американската армија рече дека западните вооружени сили научиле лекции од Украина, која по почетокот на целосната руска инвазија брзо го разви својот воен капацитет во областа на беспилотните летала.

Back to top button
Close