Борисов: Во тек е истражна постапка за трагедијата во Кочани, се постапува по жалби на одлуки на судии на претходна постапка

– Во тек е е истражна постапка. Се постапува по изјавени жалби на одлуки на судии на претходна постапка и тоа е во моментов што можам да ви го дадам како изјава, рече Борисов.
Претседателот на Основен суд Кочани истакна дека тројца судии од овој суд постапуваат во претходна постапка.
– Постапуваат тројца судии. Ние сме суд со пет судии, вклучително и јас како претседател на судот, тројца судии, двајца од судиите постапуваат во Кривичен совет и делегиран судија од друг Основен суд кој би можел да постапува како судија во суд со проширена надлежност, рече Борисов.
Во однос на трагедијата во Кочани, претседателот на Судскиот совет Александар Камбовски изјави дека уште е рано да се разговара за тоа што доколку таму не може да се реализира судењето.
– Мислам дека е рано за тоа да разговараме. Се во свое време. Судскиот совет е во тек. Не, не, за тоа не треба да одлучува Судскиот совет. Ќе се постапи согласно законот, рече Камбовски.