Брегу: Економиите на Западен Балкан треба да направат пресврт во својот развоен пат

Западен Балкан треба да направи пресврт во својот развоен пат и да премине од акумулацијата на физички капитал во акумулација на знаење, рече генералната секретарка на Регионалниот совет за соработка (РСС), Мајлинда Брегу.

Обраќајќи се на учесниците на Регионалниот развојен форум за Европа, Меѓународната унија за телекомуникации, таа изјави дека во текот на претходната година економиите на Западен Балкан генерално биле поуспешни во спроведувањето на дигитална трансформација, но укажа и на големите разлики кои сè уште постојат во однос на просекот во земјите членки на Европската унија.

– Според проценките на ОЕЦД, 50 отсто од домаќинствата во шест економии на Западен Балкан немаат компјутер, додека една третина немаат пристап до широкопојасен интернет. Економиите на Западен Балкан треба да направат пресврт во својот развоен пат и од патот на акумулациски физички капитал да преминат на патот што се заснова на акумулацијата на знаење, порача Брегу.

Како што соопшти Советот за регионална соработка, таа додала дека дигиталните вештини се клучен одговор на автоматизацијата на деловните процеси и „во таа смисла треба да работиме заедно, треба да вложиме дополнителен труд во корист на граѓаните на Западен Балкан“.

Back to top button
Close