Брегу: Западен Балкан се соочува со сериозни сајбер напади, а дигиталната писменост останува ниска

Регионот од неодамна се соочува со сериозни сајбер напади, а дигитализацијата на Западен Балкан може да се оцени двострано – изјави Генералната секретарка на Советот за регионална соработка (РСС) Мајлинда Брегу на денешното отворање на Дигиталниот Самит на Западен Балкан во Приштина.

„Две страни на медалот има дигитализацијата во нашиот регион. Од една страна се релизирани големи исчекори по прашање на широкопојасната поврзаност, масовното ширење и користење на електронските услуги, а информатичките и комуникациските технологии за повеќето земји стануваат главна извозна услуга и економски ресурс…Од друга страна, нашиот регион од неодамна се бори со сериозни сајбер напади. Дигиталната писменост и натаму е на ниско ниво од 24 до 47 посто, во споредба со 54 посто на ниво на Европската унија, а ист е случајот и со прекуграничната интероперабилност. Дезинформациите и лажните вести цветаат“ – изјави Брегу.

Брегу, како што соопшти РСС, побара од ЕУ и укинување на визите за Косово и добивање на кандидатски статус за Босна и Херцеговина.

Самитот се одржува во време кога нашиот регион се наоѓа на раскрсница, а ние се обидуваме да најдеме некои светли точки како што се задоцентиот почеток на преговорите со Албанија и Северна Македонија…Истовремено, не можеме, а да не инсистираме на тоа да се преземат храбри и решителни чекори во правец на пристапување на регионот кон Европската унија без одложување, вклучувајќи и укинување на визите за Косоварите и кандидатски статус за Босна и Херцеговина, заклучи Брегу.

Петиот Дигитален сами на Западен Балкан се одржува 21 и 22 септември во Приштина, а на него присуствуваат високи претставници на шест земји од Западен Балкан, на Европската комисија, на Советот за регионална соработка, меѓународни финансиски институции и приватниот скетор во ИКТ индустријата.

Back to top button
Close