Aнтирасистичкиот протест и во Брисел

Белгиската полиција синоќа во Брисел уапси 150 луѓе и употреби водени топови за да ги спречи немирите по мирниот антирасистички протест на илјадници луѓе.

Градоначалникот на Брисел, Филип Клосе за насилството ги обвини „деликвентите“ и изјави дека 10.000 приврзаници на движењето „Црните животи се важни“, претходно, мирно демонстрираа во текот на денот.

Демонстрантите, меѓу кои и припадници на повеќе раси, за време на мирниот протест држеа бели рози и плакати против расизам.

„Мислите ли дека сте уморни од слушање за расизам? Ние сме уморни од соочување со тоа“, пишуваше на еден транспарент, што го држеше црна девојка.

Граѓаните се собраа во градовите Антверпен и Ганд и минаа осум минути и 46 секунди во тишина, колку што белиот американски полицаец го притискаше со коленото на вратот Афроамериканецот Џорџ Флојд, кој почина како последица на тоа.

Смртта на Флојд предизвика масовни демонстрации против расизмот и полициската бруталност во САД, кои со денови беа проследени со насилство и уништување имоти. Протестите се одржуваат веќе неколку дена во голем градови низ целиот свет.

Back to top button
Close