Британскиот вицепремиер Доминик Раб поднесе оставка по истрагата по жалбите дека малтретирал државни службеници
Вицепремиерот на Велика Британија, Доминик Раб денеска поднесе оставка по истрагата по жалбите дека малтретирал државни службеници.
Раб поднесе оставка од позициите министер за правда и вицепремиер на британската Влада еден ден откако британскиот премиер Риши Сунак ги доби заклучоците од истрагата.
Сунак започна петмесечна истрага по бројни поплаки за однесувањето на Раб.
Тој ги негираше тврдењата дека се однесувал недолично кон колегите и рече дека „се однесувал професионално во секој момент“.