Брод со 1.687 цивили од Судан пристигна во Саудиска Арабија

Брод со 1.687 цивили кои избегаа од конфликтот во Судан утринава пристигна во Саудиска Арабија, соопшти саудиското Министерство за надворешни работи.

Евакуирани се граѓаните на повеќе од 50 земји. Тие го напуштија Судан со брод на Саудиска Арабија.

Вчера во Картум делумно беше испочитуван 72-часовниот прекин на огнот меѓу завојуваните страни во Судан, договорен под покровителство на САД.

Според податоците на ОН, во борбите досега загинале 459 луѓе, а повеќе од 4.000 се ранети.

Back to top button
Close