Бродот „Москва“ вредел 750 милиони долари, Русија тешко ќе го надомести

Потонувањето на „Москва“, рускиот воен брод, е загуба од 750 милиони долари за руската војска, според анализата на „Форбс“. Украина досега објави дека уништила повеќе од 5.000 парчиња руска опрема од почетокот на војната, но загубата на „Москва“ е најскапа. „Форбс“ ја пресмета приближната цена на бродот споредувајќи го со слични крстосувачи, кои чинеле 720 милиони долари во 1995 година.

„Може лесно да се најдат 700 милиони долари за да се замени тој брод, но со оглед на состојбата на распаѓање што ја видовме во руската војска, се сомневаме дека имаат пари дури и да го заменат“, оцени Шон Спонтс, главен уредник на „Специјалните операции“.

Гордоста на руската морнарица, „Москва“, ја вршеше операцијата за која известија сите светски медиуми кога украинските војници што го бранеа малиот остров до Мариупол му порачаа на персоналот на бродот „да се ебе“, откако тие им пратија порака – да се предадат или сите ќе загинат.

Во меѓувреме, Русија тврди дека штетата што ја претрпел бродот била предизвикана од пожар што предизвикал експлозија на муниција. Русија, наводно, преселила некои бродови подалеку од украинскиот брег по овој ракетен напад.

Некои експерти рекоа дека уништувањето на бродот може да означи голема промена во украинско-руската војна.

„Ако Украина може да и се спротивстави на Црноморската флота (а се чини дека може), тогаш враќањето на Крим е можно. Можна е целосна победа“, напиша експертот за безбедност Пол Масаро на Твитер. Русија го анектира Крим од Украина во 2014 година.

„Историскиот настап на украинската војска наспроти лошото прикажување на Русите е навистина нешто што треба да се види“, додаде Масаро.

„За режимот на Путин ова е клучен момент бидејќи бродот беше визуелно олицетворение на руската глобална моќ“, напиша Даниел Курц, професор по политички науки и историја на колеџот Мидлсекс Каунти.

Back to top button
Close