Бугарија слави 114 години од прогласувањето независност

Бугарија денеска ја слави 114-годишнината од прогласувањето на својата независност.

Таа се одбележи пред Споменикот на независноста на плоштадот Кнез Александар Први во Софија. Во програмата ќе учествуваат Гардискиот дувачки оркестар, Софискиот дувачки оркестар и мешаниот хор „Св. Софија“.

Централните прослави традиционално ќе се одржат во Велико Трново, каде во дворот на црквата „Свети 40 маченици“ се одржува водосвет, а потоа има и церемонија на подигање на државното знаме на Бугарија.

 

На 22 септември 1908 година во Велико Трново принцот Фердинанд Први со манифест ја прогласил независноста на Бугарија од Отоманската империја. Таа беше признаено од Отоманската империја и Големите сили во пролетта 1909 година, но побараа Бугарија да плати дел од т.н. Отомански долг. По прогласувањето на независноста, Бугарија стана полноправна членка на меѓународната заедница 30 години по Руско-турската ослободителна војна од 1877-78 година.

Back to top button
Close