Бугарската криптокралица Ружа меѓу десетте најбарани лица во Америка
ФБИ нуди награда од 100.000 долари за каква било информација за Игнатова, но предупредува дека таа веројатно се шета со вооружена придружба.
Ружа Игнатова, мистериозна Бугарка на возраст од четириесеттина години, е вклучена меѓу десетте најбарани лица на американската федерална полиција поради тоа што измами со криптовалути собрала повеќе од 4 милијарди долари.
ФБИ сериозно му пристапува на случајот, зашто смета дека Игнатова извлекла од шемата 500 милиони долари, со кои ги плаќа анонимноста и заштитата.
За да ја засили потрагата, федералната полиција завчера понуди награда од 100.000 долари за каква било информација што би придонесла за апсење на Игнатова.
„Исчезнатата криптокралица“ сега е промовирана како единствената жена меѓу десетте најбарани луѓе во Америка. Во потерницата се предупредува дека осомничената веројатно се движи во придружба на вооружени телохранители или соработници.
…