Бунтовници во Камерун киднапирале 30 жени кои одбиле да платат незаконски наметнати даноци

– Бунтовниците во Камерун киднапираа повеќе од 30 жени кои се спротивставиле на данокот што им беше незаконски наметнат од војниците, соопшти денеска владата.

Жените се однесени од Бабанки, село во северозападниот дел на земјата што се граничи со Нигерија, изјави висок функционер во оваа област.

-Имаме сигурни информации дека 10 жени, кои во основа се фармерки и трговки, биле мачени со пиштоли и мачети, кажа тој.Сепаратистите барале месечни давачки за децата, жените и мажите, ги оданочувале двојките кои сакаат да се венчаат и барале 1.000 долари по погреб од семејствата, додаде тој.

Во оваа централно африканска земја се водат борби откако сепаратистите во 2017 година кои говорат англиски јазик почнаа бунт со цел да се отцепат од регионот во кој се зборува француски и да основаат независна држава со англиско говорно подрачје.

Според Меѓународната кризна група, во конфликтот досега загинаа над 6.000 лица, а повеќе од 760.000 се раселени.

Лидерот на сепаратистите Капо Даниел денеска за американски медиуми кажа дека жените биле киднапирани кон средината на мај и додаде дека биле казнети затоа што дозволиле да бидат изманипулирани од камерунската Влада.

Тој не откри каде тие се наоѓаат.

Камерунската војска соопшти дека распоредила војници за да ги ослободи жените.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close