Цените на енергијата ќе паднат на почетокот на 2022 година, очекува ММФ

 

epa07922771 Chief Economist and Director of the Research Department at the IMF Gita Gopinath arrives for the World Economic Outlook press conference at IMF Headquarters in Washington, DC, USA, 15 October 2019. The IMF, for the fifth time, cut the 2019 global growth forecast, as trade tensions undermine global expansion. EPA-EFE/SHAWN THEW

Кога станува збор за состојбите во земјата, претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски, посочи дека во моментот кога ќе се зголеми испораката на природен гас од Русија ќе се стабилизира цената на гасот, а со тоа и цената на електричната енергија. Тој тврди дека до крајот на годината сигурно нема да има промени во цената на електричната енергија во земја

Цените на енергијата, кои се зголемија во последните денови, најверојатно ќе останат високи во наредните месеци, но ќе почнат да паѓаат на почетокот на следната година, изјави главната економистка на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Гита Гопинат.

Photo: EPA-EFE/SHAWN THEW

„Иако цените на енергијата ќе растат во следните неколку месеци, очекуваме да паднат до крајот на првиот квартал следната година и во вториот квартал“,

рече Гопинат.

Откако ќе завршат зимските месеци, додаде таа, ќе бидеме во подобра позиција и очекувањата се цените да се вратат надолу.

Кога станува збор конкретно за цените на струјата во земјата, денеска премиерот Зоран Заев и претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), Марко Бислимоски, порачаа дека до крајот на годинава нема да се менува цената на електричната енергија, а што ќе се случува потоа рано е да се предвиди.

Заев посочи дека стабилноста на цената на електричната енергија за домаќинствата е гарантирана до крајот на годината преку ЕСМ и МЕПСО, а со тоа и преку државата и додаде дека нема никакви причини за стравување.

„Верувам дека сите наши искуства и експерти кои ги имаме од МЕПСО и ЕСМ, РКЕ и сите независни експерти ќе ни се најдат за да изградиме мудри политики во интерес на граѓаните. Во периодот што претстои ќе ги искористиме сите потенцијали што ги имаме во РЕК Битола и во РЕК Осломеј. Веќе објавивме постапка за набавка на јаглен од странство за производство на електрична енергија што ќе се произведува по три до четири пати помала цена од берзанската која ја има во моментов. Сето тоа ќе значи стабилност, прво за домаќинствата, а потоа и за јавните институции и за приватниот сектор“,

рече Заев одговарајќи на новинарски прашања.

Претседателот на РКЕ, пак, посочи дека во моментот кога ќе се зголеми испораката на природен гас од Русија ќе се стабилизира цената на гасот, а со тоа и цената на електричната енергија.

„Едно е сигурно дека нема да има никакви промени на цената на електричната енергија до крајот на годинава. Во овој момент ЕСМ во соработка со Владата преземе активности да се набави јаглен со цел да се стабилизира цената на електричната енергија во државата пред сè за стопанството. Премногу е рано сега да зборуваме што ќе биде од 1 јануари затоа што работите се менуваат како на филмска лента. Поконкретни информации ќе имаме во текот на декември кога МЕПСО и ЕСМ ќе ги распишат своите тендери за набавка на загуби на електрична енергија“,

рече Бислимоски.

Тој нагласи дека верува оти ЕСМ, како и досега и понатаму ќе обезбедува повеќе електрична енергија отколку што е предвидено со Законот за енергетика за потребите на домаќинствата и истакна дека во текот на минатата недела, по најавата на рускиот претседател Путин дека ќе ја зголеми испораката на природен гас преку Украина во Европа, цената на електричната енергија на берзата во ХУПЕКС се намали за околу 20 проценти.

Back to top button
Close