Централниот одбор на ДУИ го овласти Али Ахмети сам да донесе одлуки по меѓупартиски преговори

Во Тетово заврши седницата на Централниот одбор на Демократската унија за интеграција (ДУИ) на која се дебатираше за натамошните потези на партијата со оглед на понудената оставка на премиерот Зоран Заев. Партискиот портпарол Бујар Османи по тричасовната седница изјави дека ова партиско тело го овластило лидерот сам да носи одлуки.

-Членовите на Централниот одбор разговараа за тоа кои се интересите на граѓаните и интересите на државата. Се согласија дека продолжувањето на евроатланскиот курс на државата е безалтернативна и дека е неопходно да се смогнат сите сили и да се направат сите напори со цел овој евроатлантски курс на државата да биде гарантиран, бидејќи е без алтернатива, како и да се продолжи со реализација на важните инфраструктурни проекти кои се започнати, а се значајни за подобриот стандард и подобриот живот на граѓаните.Едногласно  Централниот одбор го овласти претседателот Ахмети да продолжи да разговара со сите политички партии за да како важен и одлучувачки фактор после парламентарните и локалните избори со цел да се задржи овој прогресивен пат и овој евроатлански курс на државата при тоа разговарајќи со сите политички партии со двата блока освен тие што се против овој евроатлански курс, против стратешките интереси на граѓаните и државата, изјави Бујар Османи.

Тој потенцираше дека со тоа овластување кое го има од Централниот одбор Ахмети продолжува да разговара со претставници на другите партии со цел да се одржи политичката стабилност.

-Тие разговори се со цел да државата оди напред, на патот кон реформите се разбира во блиска консулатација со нашите стратешки партнери. Земјата е членка на НАТО и има одговорност за овој Сојуз и во тој дух во консултација со партнерите сакаме да им упатиме порака на граѓаните да бидат спокојни затоа што како што секогаш сме знаеле да го зачуваме овој курс на државата да бидеме заштитници на оваа држава, да бидеме сидрото на евроатланските вредности така ќе продолжиме и ќе обезбедиме сигурна иднина на граѓаните, рече Османи.

Според него, Ахмети ќе разговара со сите партии освен со како што рече деструктивните партии, а, како што рече, сите опции се на маса со сите конструктивни сили во државата.

-Тоа се партии кои се програмски определени против стратешките интереси на граѓаните и државата бидејќи сметаме дека тоа е волја на граѓаните и волја на нашите сојузници и интерес на државата таквите комбинаторики да не бидат дел од било кое планирање. Инаку ќе продолжиме со сите партии, да анализираме и дискутираме. Овластен е да донесе одлука, имајќи во предвид на ДУИ како едно сидро. Граѓаните да бидат мирни, Ахмети ќе ја донесе правилната одлука, истакна портпаролот.

Османи на новинарско прашање за заканите на Шкодране Дардишта рече тоа дека е индивидуален став.

-Не е член на ниту едно тело на партијата. Мислам дека е непромислена изјава за која Ахмети кажа став. Мислам дека треба да го сметаме за индивидуален став. ДУИ не треба да се инволвира во оваа приказна, ДУИ не треба да одговора за ставот на секој граѓанин доколку не е член на било кое раководно тело, истакна Османи.

На седницата на централниот одбор било констатирано дека ДУИ е апсолутен победник на локалните избори во албанскиот политички кампус

Back to top button
Close