Четворица повредени во пожарот што синоќа изби во зграда во Кисела Вода

Во зграда во скопска Кисела Вода доцна синоќа избил голем пожар. Во несреќата се повредени четири лица – двајца станари, еден полицаец и еден пожарникар кои интервенирале на теренот.

Како што информира градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, еден од становите е целосно изгорен, а зафатени од пожарот се уште неколку стана. Жителите на зградата, како што посочи, биле евакуирани оттаму и пренесени во неговиот кабинет во општинската зграда

Back to top button
Close