Чија “глава ќе лета”? Мидлтон поврзана со нов скандал – овој пат со приватна болница

Принцезата од Велс, Кејт Мидлтон, веќе неколку недели е центар на пиар скандал, поради фотошопирана фотографија со која се обиде да и докаже на јавноста дека е добро по операцијата на абдоменот.

Фотографијата беше јавно растргната поради ретуширање, а експерти во програми како Фотошоп посочија на повеќекратни грешки, по што принцезата Кејт јавно се извини и ја презеде вината. Сега скандалот добива ново поглавје, а британските медиуми пишуваат дека „ќе лета нечија глава“. Приватната болница во која Кејт Мидлтон беше оперирана е под истрага поради наводно нарушување на нејзината приватност.

„Дејли мејл“ пренесува дека непознато лице вработено во болницата „The London Clinic“ се обидело да пристапи до податоците на принцезата додека таа се опоравувала од операција.

Од Канцеларијата на комесарот за информации потврдија дека е поднесена претставка за евентуално нарушување на приватноста и дека во тек е „проценка на добиените информации“.

Извори од болницата, лоцирана во централниот лондонски кварт Мерилебон, велат дека персоналот е во шок откако „доверлив колега“ се обидел да пристапи до податоците на принцезата Кејт Мидлтон.

„Ова е голем безбедносен пропуст кој може да предизвика огромна штета на престижната приватна болница, каде што се лекуваат членовите на кралското семејство.

Раководството на болницата ја контактираше палатата Кенсингтон веднаш откако стана познат инцидентот и ги увери дека ќе биде спроведена целосна истрага“, изјавил за „Дејли мејл“ извор од болницата.

„Медицинскиот персонал е вознемирен и шокиран од наводите дека колега може да биде одговорен за сериозно кршење на довербата и етиката“, рекол изворот.

Според британскиот закон, кривично дело е персонал од јавна или приватна болница да пристапува до податоците на пациентот без согласност.

 

Back to top button
Close