Чилеанецот Санчез се врати во Удинезе

Италијанскиот фудбалски прволигаш Удинезе официјално го објави трансферот на 35-годишниот чилеански напаѓач Алексис Санчез, кој со клубот од Удине потпиша двегодишен договор.
Чилеанскиот голгетер се враќа во редовите на Удинезе чиј дрес го носеше од 2006 до 2011 година. Во овој период настапи на 112 натпревари во сите натпреварувања, постигнувајќи 21 голови.
„Клубот го враќа во семејството на Бјанконерите најголемиот талент откриен од скаутинг-одделот на клубот, кој го напушти Фриули за да стане еден од најголемите шампиони во последните 15 години на големите меѓународни сцени. Тринаесет години подоцна повторно се среќаваме со него, уште поенергичен и борбен од кога било за да постигнеме нови успеси“, се вели во соопштение на Удинезе.
Санчез во 2011 година се пресели од Удинезе во Барселона, а настапуваше и за Арсенал, Манчестер Јунајтед, Интер и Олимпик Марсеј

Back to top button
Close