Членовите на ДИК го бараат од вчера, претседателот Дерковски не им кревал телефон

Претседателот на ДИК, според информации оттаму, е недостапен за колегите, кои го чекаат да закаже седница затоа што денеска треба да се ревидира роковникот, а утре да почне кампањата.

Кондарко изјави за „360 степени“ дека ревидирањето на роковникот ден по завршувањето на вонредната состојба е законска обврска што произлегува од Уредбата за изборите и заклучокот на ДИК Членовите на ДИК, според наши иформации, од вчера не можат да стапат во контакт со претседателот на Комисијата, Оливер Деркоски, од кого се очекува за денеска да закаже седница за ревидирање на роковникот за 10. парламентарни избори, што би требало да се одржат на 5 јули, со оглед на тоа што на полноќ заврши вонредната состојба.

Дел од членовите на ДИК од утрово се во просториите на Комисијата и велат дека Деркоски не одговара на нивните повици. И oд „360 степени“ се обиделе да стапат во контакт со претседателот на ДИК, за да се информираат дали Комисијата ќе заседава денеска, ама тој не одговорил на телефонскиот повик.

повеќе

Back to top button
Close