Човечко тело најдено во Вардар кај село Чегране
МВР информира дека вчера попладне околу 18.35 часот во СВР Тетово, Б.Д. од с. Тумчевиште, Гостиварско, пријавил дека во водите на река Вардар, во атарот на с. Чегране, во близина на мостот, забележал човечко тело.
„Телото било извадено од водата од страна на Територијалната противпожарна единица Гостивар и по наредба на јавен обвинител е дадено на обдукција“ – соопштија денеска од СВР-Тетово.
Засега нема официјални информации за идентитетот на лицето и околностите на настанот.