Црногорската влада ги ограничи маржите за 66 производи
Црногорската влада усвои нови мерки за ограничување на маржите во продавниците на големо и мало, а како и досега, „ограничените цени“ нема да важат за најмалите пазари, односно оние чија вкупна квадратура е помала од 600 квадратни метри на национално ниво.
Овие мерки ќе важат до 31 јануари следната година.
Премиерот Милојко Спајиќ рече дека обемот на кампањата ќе биде поголем од досегашната и дека ќе опфати повеќе од 1.000 предмети. Тој посочи и дека со ограничување на маржите, трговците нема да профитираат од најавеното зголемување на платите.
Акцијата се однесува на 66 различни производи, а кога ќе се избројат сите тежини, според пресметката на Владата станува збор за илјада артикли. Маржите за пет основни прехранбени производи веќе се ограничени со одлуката на Владата од јули