Црвениот крст апелира да се соберат 115 милиони долари за Мјанмар

 

Меѓународната федерација на Црвениот крст и Црвената полумесечина денеска упати итен апел за собирање на 115 милиони долари за помош на жртвите од разорниот земјотрес во Мјанмар.

„За да ја зајакнеме нашата поддршка, упатуваме итен апел за собирање 100 милиони швајцарски франци (115 милиони долари) за помош на 100.000 луѓе (20.000 домаќинства)“, се вели во соопштението на најголемата светска хуманитарна мрежа.

Според последните податоци, во земјотресот во Мјанмар загинале 1.644 лица, а 3.408 се повредени.

Земјотрес со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала се случи завчера, а погодени беа и делови од Тајланд

Back to top button
Close