Д-Р Дејан Докиќ: Текстот кој во мое име се споделува на фб е лажен , го пријавив во полиција
– Категорично ги демантирам наводите изнесени во објава на фејсбук која е лажно потпишана со моето име- вели за либертас пулмологот д-р Дејан Докиќ за текст кој масовно се шири на социјалните мрежи.

Во краток разговор за Либертас Докиќ демантираше дека текстот е негови и изјави дека пријавил во полиција.
-Денес видов дека на социјалната мрежа facebook се споделува текст кој наводно сум го напишал јас. Категорично ги демантирам наводите изнесени во тој текст и изјавувам дека јас не стојам зад истиот.
Случајот кој е на штета на мојот углед и професионалност и има за вел да шири паника во јавноста, утрово го пријавив во полиција – напиша Докиќ на фејсбук.
Во врска со овој случај кој има намера да шири паника и е пред се штетен за граѓанитево време на пандемија,во 12 и 30 пред деканатот на медицинскиот факултет ќе има и прес конференција.






