Дали сојузничкиот колапс во Авганистан се пресметува само во трилиони долари за сад и колкав ќе биде цехот за ЕУ


Военото повлекување на американската војска и сојузниците од Авганистан ја вади на површина цената на (не)успехот на 2-децениската мисија, воените инвестиции во градење на авганистанските сили и погрешните проценки на американските разузнавачки агенции за оддржливоста на авганистанските воени сили.

Едно од примарните прашања на безбедносните аналитичари во САД и пошироко во моментот е прашањето:Зошто 2-децениската мисија во Авганистан и сите вложувања во опремување и обука на авганистанската војска и полиција доживеа колоп
Зошто разузнавачките служби ја потценија супериорноста на Талибанците, по најавата на Бајден во април дека САД ќе се повлекува од Авганистан❓

Да напоменам дека, ништо од ова што го пишувам за Авганистан не се разликува од состојбите во Ирак.
🇺🇸 Една од клучните поенти во обраќањето на Бајден кон нацијата во врска со военото повлекување од Авганистан, звучеше вака: 👉„Не можеме ние да се бориме за авганистанскиот народ, ако за тоа не се подготвени Авганистанците (мислеше на авганистанската војска и полиција)“

Во оваа реченица на Бајден лежи суштината на дилемата која се поставува денес –
🚩Дали со пари може да се купи борбена мотивација❓ Одговорот на ова прашање е едно големо НЕ❗
Лидерство и борбена мотивација не можеа да се купат со воените инвестиции на САД во авганистанската војска и полиција во вредност од над 90 милијарди долари❗

🚩🇺🇸 Денес во САД постои голема лутина насочена кон разузнавачките агенции кои ја потцениле „супериорноста на Талибанците“, кои со многу послабо вооружување, но со силна борбена спремност и мотивација се покажаа како „суперсила“ во споредба со „до заби вооружената авганистанска армија“ која ползуваше софистицирана воена опрема од САД❗
Еден воен принцип вели дека – моралните фактори доминираат над материјалните фактори❗

Моралот, дисциплината, лидерството, кохезијата на единиците се посуштински од бројот на силите и опремата❗
Американците како надворешен фактор во Авганистан, можеа да обезбедат материјални (воени) ресурси, но само Авганистанците можеа да ги обезбедат нематеријалните ресурси (моралните фактори) борбената мотивација❗

Во моментот во САД, безбеносните анализи не можат да го занемарат фактот дека, „е направена сериозна грешка“ кога не било предвидено дека, авганистанските безбедносни сили наместо да дадат отпор, избрале да го предадат оружјето на Талибанците во нивниот освојувачки подем кон областите, заклучно со Кабул❗ Повеќето сметаат дека, тоа е резултат на априлската најава на Бајден за повлекување на американската војска која може да се толкува како, 👉„сигнал за напуштање на авганистанските сили што придонесе импулсот на откажување да се рашири како пожар“👈❗

Ниту еден американски даночен обврзник денес не може да го прфати фактот дека, од приближно 145 милијарди долари, колку што американската влада ги потроши обидувајќи се да го изгради Авганистан, околу 83 милијарди американски долари се наменети за развој и одржување на армијата и полициските сили. Овие 145 милијарди долари се дополнителните од 837-те милијарди долари што САД ги потрошија во војната која започна во октомври 2001 година❗

Овој исход од Авганистан бил најавуван уште во 2015 година, кога било забележано дека, американските воени водачи ги минимизираат проблемите во авганистанското општество и не ја следат логиката и историјата од Виетнам и Ирак, што укажувало на „бавно распаѓање на воената стратегија“.
Изградбата на авганистански сили беше толку зависна од американската моќ, што Пентагон ги плаќаше платите на авганистанските војници. Многу често тие пари беа користени од корумпираните офицери и владини лица кои создаваа „војници -фантоми“ за да ја оддржат трајна американската помош во долари и да прават привид за посветеност❗

Со оглед дека, воената стратегија на САД во Авганистан зависеше од перформансите на авганистанската армија, Пентагон и разузнавачките агенции (изненадувачки) посветија малку внимание на прашањето: 🚩Дали Авганистанците се подготвени да умрат за нивната влада❓
Очигледно НЕ, што се докажа❗
Брзото напредување на Талибанците и ултимаатумот за повлекување на американската и сојузничката војска заклучно со 31 Аавгуст о.г., ја намали можноста за повлекување на воената опрема на САД. Никој не се сомнева дека, САД ги повлекле сите важни материјални, нематеријални и човечки ресурси од Авганистан. Но, останува дилемата:

Дали, САД дозволија влог во воено опремување на авганистанската армија и полиција да обиде/да остане оперативен и во функција на Таалибанците❓
Евакуацијата на 170.000 Авганистанци која се одвиваше од аеродромот „Хамид Карзаи“ беше еден (видлив) дел од евакуацијата.

Се потврдуваат сознанијата дека Централната разузнавачка агенција (ЦИА) во последните денови од евакуацијата била ангажирана за „тајни евакуации“ и за уништувања на своите стратешки точки во Авганистан❗

Една неодамнешна безбедносна анализа говори дека, ЦИА користела дел од познаиот комплекс „Eagle Base“ како центар за обука на авганистанските антитерористички единици, додека друг дел од базата бил користен како притворен центар на ЦИА, познат како „Salt Pit“❗
Според еден (не)популарен извештај, американската влада открива дека, „Агенцијата извршила тортура врз затвореници во Авганистан“❗
Структурите на оваа база беа урнати неколку дена пред комплетната евакуација, за да се спречи Талибанците да запленат чувствителни материјали.

Што мислеше маринскиот генерал МекКензи (Шефот на американската Централна команда) кога кажа дека, „опремата во Авганистан е демилитаризирана и не е оперативна“❓

Дали оваа изјава е потврда дека, американската воена инвестиција за авганистанската армија е диверзирана❓

Во американските воени и безбедносни кругови отворено и анонимно се зборува дека, „војската веројатно користел термички гранати, кои горат на температура од 4.000 степени, за да ги уништат клучните компоненти на воената опрема“, дека, „некои парчиња опрема биле кренати во воздух“ за што потврда доаѓа од службеник во одбраната, кој не е овластен да зборува јавно, но признава дека, “ експлозијата што се слушна минатата недела на аеродромот е поврзана и со уништување на воена опрема❗
Иако, Талибанците се пофалија со запленета голема количина на оружје и муниција, за светската јавност останува прашањето за количината и видот на воена опрема која САД ја оставија зад себе по евакуацијата до 31 Август.

Има информации (проверени) дека, дури 70 MRAP (Mine Resistant Ambush Protected) возила отпорни на експлозии и импровизирани експлозивни направи се оставени во Авганистан. Едно возило MRAP чини околу 1 милион американски долари❗
Војската зад себе остави 27 лесни тактички возила – Humvees кои беа заменети за MRAP во Ирак и Авганистан, откако се покажаа ранливи на напади со импровизирани експлозивни направи (IED)❗

Војската остави 73 авиони. Генералот МекКензи не прецизира какви видови авиони оставиле, но нагласи дека „тие авиони никогаш повеќе нема да летаат“Анти -ракетни, артилериски и минофрлачки системи кои чинат по 10 милиони долари – опрема која открива и соборува ракети, артилериски и минофрлачки куршуми.

Никој не соопшти дали и колку од овие системи се уништени по повлекувањето на американската војска, но сигурно е дека, тие не се уништени во целост, заради потребата од одвраќање на ракетни напади при евакуацијата од аеродромот во Кабул❗
👉МекКензи суптилно кажа дека, „целта не беше да им оставиме опрема, но тоа не е секогаш опција кога барате да се повлечете и да се иселите од воената зона“❗

Она што го гледаме денес во Авганистан е „Талибанско тиумф-дефиле“ со опрема која практично е онеспособена – диверзирана од примарниот имател , производител – САД. Но, факт е дека, дури и тој сликовит триумфализам дополнително ги демотивира авганистанските безбедносни сили да покажат што научиле со 2-децениската американска помош.

Она што го тврди познатиот аналитичар и консултант за воена индустрија Лорен Томсон е дека, во целокупната напуштена опрема во Авганистан „хеликоптерите се најскапата ставка“❗
🚩Способноста на Талибанците да управуваат и да ги одржуваат без надворешна помош од САД е скоро невозможна. Сите земји кои набавуваат американска воена опрема со отсуството на американска логистичка поддршка за надградба, сервисирање и обука ќе доведе до постојано распаѓање на состојбата на воениот арсенал❗
Тоа е пораката до Талибанската влада во следниот период, поврзано со оперативноста на американската воена опрема која останала во Авганистан
🚩Дури и лесното оружје постепено ќе стане неупотребливо ако не се одржува правилно. MRAP-овите се вистински голтачи на гориво, така што нивната вредност во земја каде што снабдувањето со гориво е малку или зависно, вредноста е тројно поголема❗
Најавата за можна соработка на САД со Талибанците и нивната влада во Авганистан, по сите финансиски сондажи укажува на финансикиот интерес на воената индустрија на САД да наметне политичка патека на старо-новите владетели во Авганистан – Талибанците.
ℹ🚩Она што останува извесно по договорот за евакуација до крајот на август оваа година, е „некст левелот“ на САД во Авганистан во кој Талибанците ги гледаат како „можни“ партнери во бробата против ИСИС и ИСИС-Х. Но, дали Талибанците имаат интерес да војуваат со религиски сродните припадници на организации (означени како терористички), доколку тоа им пречи во нивното етаблираање како власт по 20 години❓
👉Прашање за трилион долари❗
ℹ Авганистан е една голема поука од секаков аспект за сите. Идеолошко-религиозната нитка на „Шеријатското право“ кое се квалифукува како „исламски фундаментализам“ ја исправа американската нација пред симболот на „In God we trust“. Суштински екстремно различни водилки, но прашалникот е за дилемата – Кој во што верува и колку ❓
🚩🚩Критичната маса во САД, предводена од универзитетски професори во областа на безбедноста ја пеат познатата песна „It`s all about the money“, сакајќи да фрлат светло на финансиските реперкусии од 2-децениската војна во Авганистан. Целта не им е да го зголемат разочарувањето кај Американците, туку да постават друга парадигма во „гаранциите за глобалниот мир и безбедност“, но без примарна улога на САД❗
Статистиките како аргумент на овој академски интерес во САД се запрепастувачки. ЦЕНАТА е следна
👇👇👇
☠🚩 Човечки жртви 18.10.2001 – Април 2021:
👉Американски војници убиени во Авганистан: 2.448❗
👉Американски изведувачи: 3.846❗
👉Припадници на авганистанска војска и полиција: 66.000❗
👉Припадници на сојузнички сили -членки на НАТО: 1.144❗
👉Авганистански цивили: 47.245❗
👉Талибанци и други опозициски борци: 51.191❗
👉Помошници: 444❗
ℹ👉Новинари: 72❗
ℹ🚩Авганистан со САД на своја територија од 18.10.2001 – Април 2021:
👉Пад од 5️⃣0️⃣%на стапката на смртност кај доенчиња.
👉Процентот на авганистански тинејџерки кои знаат да читаат денес е 3️⃣7️⃣%.
🔎🚩Надзорот од Конгресот на САД по одлуката на 18.10.2001 година за воена интервенција во Авганистан:
👉Број на американски пратеници (законодавци) кои гласаа за објавување војна во Авганистан: 0️⃣❗
👉Колку пати пратениците на Сенатската комисија за финансии ги споменаа трошоците за војните во Авганистан и Ирак од 11 септември 2001 година, до средината на летото 2021 година: 1️⃣ (еднаш)❗
💲🚩Плаќања за војнитена САД во кредити:
👉Претседателот Хари Труман привремено ги зголеми највисоките даночни стапки за плаќање за Корејската војна: за 9️⃣2️⃣%❗
👉Претседателот Линдон Џонсон привремено ги зголеми највисоките даночни стапки за да ја плати Виетнамската војна: за 7️⃣7️⃣%❗
👉Претседателот Џорџ В. Буш ги намали даночните стапки за најбогатите, наместо да ги зголеми, на почетокот на војните во Авганистан и Ирак: најмалку 8️⃣%❗
👉Проценетиот износ на директни трошоци за војната во Авганистан и Ирак што САД ги финансираа преку кредити заклучно со 2020 година: 2️⃣ трилиони долари❗
👉Трошоци за камата до 2050 година: до 6️⃣,5️⃣ трилиони долари❗
💲🚩Војните завршуваат, но трошоците НЕ:
👉Се проценува дека САД се обврзале да платат здравствена заштита, попреченост, погреби и други трошоци за околу 4️⃣ милиони ветерани од Авганистан и Ирак: повеќе од 2️⃣ трилиони 💲.
👉Период кога овие трошоци ќе достигнат врв: по 2048 година❗
Ако на оваа анализа се додадат безбедносните ризици од лепеза на терористички организации кои го заземаат проторот во Авганистан (покрај Талибанците), станува јасно дека економската логика за повлекувањето на САД од Авганистан, Ирак итн., ќе наметне поинаква логика и концепт на организација и делување на земјите од Европа кои имаат интерес да се справат со мигрантските бранови предизвикани од овие кризни жаришта.
Она што е многу поважно во оваа „игра на слонови“ во кои страда тревата, е предизвикот за одржување на безбедносно стабилни региони во Европа кои години наназад се на удар на анти-западни сили кои го чекаа моментот на крах или ослабување на позициите кои традиционално важат за западни упоришта. Тука на удар се земјите од Југоисточна Европа кои очекуваат членство во ЕУ, некои во НАТО-Алијансата, но сите заедно се дел од глобалната коалиција за борба против тероризмот❗

Повлекувањето на САД е ладен туш за Европската надворешна и безбедносна политика која претендира да стана воено-операбилна и да покрива прстени на заштита на „европската безбедност“ подалеку од Софија❗

Последните анализи за улогата на Турција во Авганистан и во овој бедем на заштита на европската безбедност од екстремистичките сили од Исток кон Запад, зборувааат дека, ЕУ ќе мора час поскоро да го ревидира и безбедносно да го анализира статусот на Турција и нејзината интеграциска аспирација. Многу потрезвено, од причини што Турција станува безбедносен актер и фактор во воено-безбедносната линија помеѓу Исток-Запад, САД-ЕУ, НАТО-ЕУ, НАТО-Русија. Во сите овие релациски варијанти Турција е фактор ➕, со непроценливо влијание особено на Балканот и неговата религиозна компонента❗

Пред да продолжам со ефектите и „чинењето“ за РСМ во глобалната војна против тероризмот и учеството во мировната мисија во Кабул-Авганистан, ќе размислам убаво за „вицот на Еди Рама на самитот во Блед“, кога ја спомна Турција во контекст на блокираните евро-интеграции на Македонија и Албанија. Рама не е толку вицкаст колку што прати јасна порака на Бугарија и на Европа

Back to top button
Close