Данела Арсовска: Огромна е победата во Скопје со повеќе од 20 000 гласа разлика

Независната кандидатка за градоначалник на Скопје, поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска, прогласи победа. Според неа, разликата со Петре Шилегов, кандидатот на СДСМ, е повеќе од 20 000 гласа.

„По тешки битки во кои мој противник не беше само стариот градоначалник, туку и премиерот во заминување, сега првпат, по 30 години независност, Скопје има жена градоначалник. Сега имаме нова шанса уште од првиот ден да почнеме да работиме – Скопје да го трансформираме во модерен и чист град. Вечерва да славиме, а од утре да почнеме со реализација и работа“,изјави Арсовска.

 

Back to top button
Close